Внеси го твоето име:

Повели, {{ personName }}

... Еве ја пораката која ја бараше!

На оваа страница ќе најдеш одговори на најважните прашања во животот. Прашања како “Што е целта на мојот живот во овој свет?“, “Зошто го немам мирот во мене кој го имаат други?“, или “Дали е ова сѐ што постои?“ Оваа страница ќе ти даде одговори на овие прашања, но и многу повеќе од тоа. Можеби не си свесен за тоа, но ти си оддвоен од Бог, твојот Создател. Тоа е така веќе од товето раѓање, без разлика кој си или што имаш направено. Но, нашата порака сака да ти даде надеж бидејќи Бог те сака и има голема желба да дојде до помирување помеѓу Него и тебе, и Тој ти нуди пат кој води назад кон Него така да не мораш да бидеш оддвоен од Бог засекогаш.

{{ personName }}, дали сакаш да се запознаеш со тој пат и да го доживееш?

Дали сакаш:

  • да откриеш која е целта на твојот живот?
  • да ги доживееш радоста и олеснувањето кои доаѓаат преку тоа што знаеш дека ти е простено сѐ што имаш направено во минатото?
  • да знаеш сигурно дека те чека повеќе отколку твоето време тука на земјата, и дека вечниот живот кај Бог во небото ти е загарантиран?

Клучот за тоа: Верата, довербата во она што Бог кажува, е клучот кој ја отвара вратата кон овие и уште многу други реални доживувања.

Неговата љубов за “светот“, за луѓе како мене и тебе {{ personName }}, го натера Бог да го пронајде патот, на којшто можеме да ја доживееме Неговата љубов и мирот кој произлегува од помирувањето со Него. Бог сака твојот однос со Него и со другите луѓе да е полн со мир и радост, и тоа дури и во тешките времиња во животот.

Бидејќи Бог толку го љубеше светот, што го даде Својот еден и единствен Син, со цел {{ personName }}, ако верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.

Цитат од Библијата: Евангелие Според Јован глава 3, стих 16

Откриј го Божјиот план: Мир и живот

Бог сака да имаш исполнет живот, веќе тука и сега. Зошто тогаш повеќето од луѓето не го доживуваат тој исполнет живот? Јован глава 10, стих 10

stap1

Проблемот: Постои разделба помеѓу Бог и {{ personName }}

Гревот те раздели од Бог: „Не е прекратка раката на Господ за да спаси, ниту увото Му заглувна за да не слуша; туку вашите беззаконија создадоа разделба меѓу вас и вашиот Бог. Вашите гревови го сокрија Неговото лице од вас, и Тој веќе не ве слуша“. - Исаија глава 59, стихови 1-2. Значи разделбата помеѓу тебе и Бог настана преку гревот. {{ personName }}, ти веќе се роди во грев, т.е. во една состојба која нашиот предец Адам, откако згрешил тој, ја остави како наследство на сите негови потомци. Но исто така имаш грешено и по сопствените одлуки. Разделбата помеѓу тебе и Бог е реален факт.

{{ personName }}

Бог

stap2

Бог нѐ создаде нас луѓето според Неговиот лик, со сличност на Него, со цел да можеме да уживаме во заедништво со Него и да му дадеме чест, да можеме да сме Божји пријатели. За таа цел Бог го создаде нашиот прекрасен свет, за да можеме да уживаме во него и да се радуваме во сѐ што создал Тој. Тој нѝ даде можност за чудесен и исполнет живот.

{{ personName }}, Бог не нѐ создаде како автомати, туку како живи суштества, слични на Него, кои имаат сопствена волја и коишто можат да одлучат да Го љубат и послушаат, и да уживаат во Него и во сѐ што нуди Тој. Нашата сопствена волја исто така ни ја дава и можноста да не Го послушаме Бог, и да не Го љубиме. Имено вистинско пријателство и вистинска љубов се доброволни нешта, за кои се донесува слободна одлука. Пријателството и љубовта не се автоматизирани програми во нас, туку ние одлучуваме да ги практикуваме.

Меѓутоа, првиот создаден човек, одлучил против Бог и го избрал својот сопствен пат. Неговата непослушност беше првиот грев. Грев е промашување на целта, на добрата цел која Бог ја имаше наменато за нас. Последиците на првиот грев не само ги засегнаа првиот маж, Адам, и првата жена, Ева, туку тие ја предадоа својата расипана грешна природа на сите нивни потомци, целокупното човештво.

Библијата кажува:

„Бидејќи како што гревот влезе во светот преку еден човек, и преку гревот смртта; така смртта помина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ - Римјаните глава 5 стих 12

Значи човекот ја промаши целта, гревот нѐ раздели од Бог, врската со Бог се прекина. Како последица на тоа сега постои разделба помеѓу нас и Бог, која од нашата страна веќе не може да се премости, и покрај тоа што можеби се обидуваме да го правиме тоа со:

  • религиозни активности и церемонии
  • високи морални стандарди
  • медитација
  • хуманитарни напори
  • добри дела кон другите луѓе
stap3

Колку и да се трудиме, не е можно за нас да ја премостиме таа разделба, бидејќи Бог е потполно чист и праведен и ќе го суди гревот, а ние, виновниците не можеме да направиме нешто за да ги отстраниме гревовите и за повторно да ја достигнеме целта.

Библијата кажува: „Бидејќи сите згрешија и не живеат според Божјите славни стандарди.“ - Римјаните глава 3, стих 23

„Бидејќи платата за гревот е смртта, а незаслужениот подарок Божји е вечен живот во Исус Христос, нашиот Господ.“ - Римјаните 3,23

Постои само едно единствено решение за проблемот со гревот!

Божјото решение: Исус Христос

{{ personName }}

Бог

stap4

Исус Христос

Бог знаеше дека Тој самиот мораше да се погрижи за решението за проблемот грев. Тоа решение беше што самиот Бог дојде кај нас како човек, во личноста на Божјиот Син, Исус Христос. Исус го правеше она кое никој друг не можеше: Тој го живееше совршениот безгрешен живот кој Бог го бара, и доброволно го даде својот безгрешен живот во размена со нашиот. Тој на нашето место ја понесе казната која ние ја заслуживме со нашите гревови.

Имајте ја во себе истата мисла, која беше и во Исуса Христа;

„Кој, иако беше во Божјо обличје, не го сметаше како грабнато тоа што е еднаков со Бог, туку се лиши Самиот Себе, и зеде обличје на слуга станувајќи сличен со луѓето. И откако се најде во лик како човек, Тој се понизи Самиот Себе и стана послушен до смрт, дури и до смрт на крст.“ - Филипјаните 2,5-7

Со тоа што умре за нашите гревови, Исус ја премости разделбата помеѓу нас и Бог

Библијата кажува:

„Но Бог ја покажува Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ - Римјаните 5,8

Самиот Исус за Себе го кажа следното: „Јас сум Патот и Вистината и Животот, никој не доаѓа кај Таткото освен преку Мене.“ - Јован 14,6

Значи самиот Бог го реши проблемот. Тој стана човек и преку таа личност, Исус Христос, разделбата помеѓу нас и Бог беше премостена. Тој стана човек за преку ужасната смрт на крстот да ја понесе казната за нашите гревови наместо нас. Со тоа Тој стана нашиот пат кон Бог.

Библијата кажува:

„Но Бог ја покажува Својата љубов кон нас со тоа, што Христос умре за нас, додека уште бевме грешници.“ - Римјаните 5,8

Библијата вели:

„Јас сум Патот и Вистината и Жвотот, никој не доаѓа кај Таткото освен преку Мене.“ - Јован 14,6

{{ personName }}

Бог

  • да си несреќен
  • οдвојување
  • вина
  • несигурност
  • без цел и смисла во животот
  • збунетост и грижи
  • радост
  • заедништво и врска
  • простување
  • вечен живот
  • изобилен живот
  • мир
stap5

Исус Христос

{{ personName }}, како што можеш да видиш, секој човек на овој свет, поради гревот е родeн одвоен од Бог. Ти {{ personName }}, како и сите други, пред Божјиот суд си виновен и ти е пресудена вечна пропаст. Но Бог многу повеќе би сакал да простува отколку да суди, и затоа Тој е долготрпелив со тебе, бидејќи не сака било кој да загине, туку сите да дојдат до пресвртница која води до вечниот живот. Ако ништо не преземеш, ќе останеш во разделбата и изгубеноста. Бог во овој момент те повикува да го избереш животот. Тој ти ја пружи оваа шанса да Му станеш дете, а Тој да ти стане Татко. Помирувањето со Бог нема да го добиеш преку религиозни церемонии како крштавањето или пазењето на религиозни обврски како постењето или преку извршувањето добри дела. Личното помирување со Бог ќе го добиеш со тоа што лично ќе Му се довериш на Исус, со тоа што ќе Му веруваш. Верување во Исус значи да имаш лична доверба во Него. Ти на тој начин се помируваш со Бог, не поради тоа што го заслужуваш тоа, туку бидејќи Бог сака да ти биде милостив без ти да го заслужуваш. Таа доверба во Исус, таа одлука е најважната одлука која некогаш ќе ја донесеш во животот. Преку неа ќе станеш Божјо дете.

Библијата кажува:

„На оние кои го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име.“ - Јован 1,12

Да веруваш значи да ѝ веруваш на Божјата порака, да ѝ веруваш на вистиниата за тоа кој е Исус, и за тоа што Тој достигнал за нас преку Неговиот живот, Неговата смрт и Неговото воскресение.

Библијата кажува:

„Ако со твојата уста исповедаш дека Исус е Господ, и со твоето срце веруваш дека Бог го воскресна од мртвите, ќе бидеш спасен. Бидејќи со срцето се верува за добивање потполна прошка и со устата верата се исповеда за спасение.“ - Римјаните 10,9-10

Ако го направиш тоа, ќе примиш потполна прошка на гревовите. Сега си оправдан преку вера и имаш мир со Бог преку Господ Исус Христос. Тоа е тоа што значи да веруваш во Исус. {{ personName }}, ти мораш да го направиш тоа лично. Лично да ја прифатиш Неговата порака, лично да ја прифатиш таа вистина - тоа значи да Го прифатиш Исус. На тој начин Исус ќе стане Господар на твојот живот.

{{ personName }}, што ќе одлучиш?

stap6

Библијата кажува:

„На оние кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име.“ - Јован 1,12

{{ personName }},

1. Дали разбираш дека си грешник и дека поради тоа си одвоен од Бог?

2. Дали разбираш дека мора да веруваш во Исус Христос, да имаш доверба во Него, за да дојдеш кај Бог?

3. Дали ќе Го молиш Исус да ти ги прости гревовите бидејќи Тој ја зеде твојата казна врз Себе?

4. Дали веруваш дека Исус е Господ, и дека Тој воскресна од мртвите?

{{ personName }}, ако на овие прашања одговори со “да“, тогаш кажи Му го тоа на Бог во молитва, бидејќи Тој знае што е во твоето срце.

Сега можеш да Му благодариш на Бог за тоа што поради жртвата на Исус, поради тоа што Неговата крв беше пролеана, твоите гревови се измиени.

5. Сега е време да Му кажеш на Бог дека отсега понатаму сакаш да Го следиш со сѐ што си до крајот на твојот живот, бидејќи Библијата вели дека сега си „ново создание“. - 2.Коринтјаните 5,16-17

Кога се молиш на Бог, би можел да го велиш ова:

„Господи, Боже, сфатив дека сум грешник и дека ми треба Твоето простување. Сфатив дека Исус Христос умре исто така и за мене, и дека воскресна од мртвите. Спремен сум да се свртам од мојот стар начин на живеење. Те молам Исус Христос сега да дојде во моето срце и во мојот живот, за да можам да Те запознам како Татко. Со Твојата помош, Исусе, сум спремен да Те следам како Господар на мојот живот, и да Ти сум послушен. Амин.“